Политички импресум – Пред есен

Од:

Сосема е јасно дека Груевски доколку постигне договор со Грција пред да оди на референдум ќе направи парламентарни избори.

Новинарите и аналитичарите како и ПР мајсторите, веројатно неможат лесно да му ја препознаат ПР-тактиката еве веќе шеста година од неговото владеење базирано на компресивно напаѓачки ПР, многу скап, многу организиран и симулативно перфектен.

Се разбира се е подредено на неговиот рејтинг и партијата, додека СДСМ прави две крупни грешки-Зборува за Македонија обраќајки им се на ВМРО-ДПМНЕ.Ваков дискурс само е поразувачки за опозицијата.

ДПМНЕ удира по СДСМ и на опозицијата само кога треба да се дефокусираат од некоја тема, а овие заради погодена суета веднаш им одговараат по дифолт. И така цели шест години игра, во која опозицијата само во светли моменти е некако офанзивна, а другото време го користи за самоодбрана.

Скоро сите рецепти за парирање на ПР-от на ВМРО-ДПМНЕ им се погрешни , а овие очигледно добро си ја знаат работата ем психологијата на конкурентите.

И сега пред есен заради тоа што се намалуваат шансите за договор со Грција, Груевски и неговата влада веќе два месеци заедно со меѓународната дипломатија работат на решавање на овој проблем

Делумно се искрени во намерата заради што знаат дека пари во Македонија повеќе нема. Затоа секој ден се влезени во кампања да нудат илјадници проекти, а знаат дека од тоа ни десет проценти нема да види бел ден.

На Груевски му се потребни НАТО и ЕУ, но не по цена на негово самоубиство во договорите со Грција.

И за да постигне договор (договорот се постигнува пред Референдум) нема да оди на референдум, а притоа да не направи избори.

Странската дипломатија е свесна, ако Груевски се договори со Грција,изборите ќе се одржат 3-4 месеци предходно.

ВМРО ДПМНЕ се свесни дека се во цајтнот. Од таму е и сета нервоза ,а треба да се испорачаат куп работи за следниве 6 месеци. Ако не ги испорача до локалните избори ќе се урнисува неговиот рејтинг, па сите анализи говорат дека 2013 нема да биде година на ВМРО ДПМНЕ и Груевски.Ете од ова е и целата нервоза.

Груевски нема проблем со кандидатите за градоначалници. Ќе ги избере за една секунда.Реперот му е да се до 45 години, оперативни работници и организационо способни.

Во самата партија објаснува дека на локално ниво не му требаат политички работници и мудреци туку организатори со рејтинг. Разбираат дека народот е веќе заморен од висока политика и од политичарите, па ќе понуди пари и работни места. Ништо друго на локалните избори освен ова и редовната поплава на проекти.

Единствената закана по нив е сиромаштијата и организирана опозиција на терен со широки отворени врати и мобилизирачки способни лидери во општините.

До денес аналитичкиот центар на ДПМНЕ пресметал 22 општини за опозицијата пред коалицијата со Тачи ,а во вкупни гласови 20.000-30.000 повеќе од опозицијата.

И овие резултати се добри за опозицијата доколку кандидатите се најават што поскоро за да се анулираат внатрепартиските кавги и лобирања. Доколку се сработи добро, опозицијата има големи шанси за добар успех на локалните избори.

Се разбира дека рецептот треба да им биде истоветен во бирањето на кадрите.Па гради во гради. Доколку во оваа борба не се екипираат доволно и преовладаат ситните интереси во партијата лесно можат да ја потврдат на локални математиката на ДПМНЕ. Што значи да победат ќе треба да почнат да работат од денес ако не и од вчера.

А, избори се добиваат со работа на локалните лидери, ретко од централата кога се работи за опозиција.

Даме Чкатровски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска