Полицискиот синдикат бара брза и ефикасна реакција за нападите врз полицајците

Од:

Правосудните органи мора да започнат да ги процесуираат нападите врз полициските службеници во најбрз можен рок, притоа паралелно да ја заоструваат казнената политика и почесто да се применува мерката притвор, истакнува Македонскиот полициски синдикат во реакција по вчерашниот напад на двајца полициски службеници во Скопје и денешниот во кој во беше  застрелан полицаец во Велес.

„Како синдикат сметаме дека ова е единствениот начин каде можеме да бидеме сигурни дека во случај на напад врз полициски службеник, институциите ќе реагираат брзо и ефикасно сторителите да бидат најстого санкционирани“, стои во реакцијата.

Синдикатот најавува дека во текот на утрешниот ден ќе ги извести сите пријателски полициски синдикати од земјите на ЕУ, кои се членки на Советот на европски полициски синдикати во кој членуваат повеќе од 250 илјади полициски службеници со барање будно да ја следат состојбата во нашата земја во делот со активностите и евентуалните исходи од понатамошните одлуки на надлежните органи.

„Како синдикат секогаш ќе бидеме на страната на полицајците кои чесно и професионално ги извршуваат своите работни задачи. Ги охрабруваме сите полициски службеници да ги пријават сите вербални или физички напади врз нив, и да не потклекуваат на какви било притисоци од било кого тоа да не го сторат“, наведува синдикатот.

Би можело да ве интересира

МВР со дронови ќе го надлегува гласањето в недела

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

Пијаните возачи ќе одговараат кривично, заострување на казните

Ги нападнале овчарски кучиња, се качиле на столб за мобилна телефонија – спасени белгиски планинари во Ценар Жупа

Катерина Ѓуровски