Полициска контрола во 33 угостителски објекти во Неготино и Кавадарци

Од:

Полицијата вчера извршени контроли во 33 угостителски објекти, од кои 16 на подрачјето на Неготино и 17 на подрачјето на Кавадарци при што беа изречени три глоби на физички лица, како и една глоба на правно лице по Законот за заштита од пушење.

Покрај овие, извршена е и акциска контрола на 12. и 13. ноември при што се контролирани 29 угостителски објекти, од кои шест во Охрид, 16 во Берово и седум во Скопје. При тоа, соопшти денеска МВР, во Охрид се констатирани прекршоци за физичко и правно лице по Законот за заштита од пушење, еден објект е затворен од страна на УЈП и констатиран е прекршок за нарушување на јавниот ред и мир. Во Скопје исто така беа констатирани прекршоци по Законот за заштита од пушење и три објекти беа затворени од страна на УЈП и Пазарна инспекција при што се поднесени соодветни поднесоци.

На 13/14.11 беа контролирани пет угостителски објекти и во Струмица при што се констатирани два прекршоци за физички и еден за правно лице по Законот за заштита од пушење и во два угостителски објекти беа констатирани прекршоци од надлежност на УЈП.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Горан Наумовски

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он