Полициска акција за апсење на изнудувачи

Од:

Во Скопје во тек е голема полициска акција за апсење на изнудувачи на бизнисмен, објавија медиумите повикувајќи се на неофицијални информации. Од МВР ниту ги демантираат, ниту ги потврдуваат деталите од медиумите кои вечерва шпекулираат дека се апсат и луѓе на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

МИА ги контактираше ОЈО, АНБ и МВР, кои официјални информации најавуваат по завршувањето на акцијата.

Порталите и он лајн медиумите, повикувајќи се на неофицијални информации, пишуваат дека во полициска акција се апсат неколку истражители на АНБ и еден помлад оперативец.

Според истите непотврдени пишувања станувало збор за рекетирање на бизнисмен. Официјални информации се најавуваат во текот на утрешниот ден по сумирањето на сознанијата во полициската акција.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Притвор за битолчанецот осомничен за детска порнографија

А1он

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он