Полицијата во Охрид координирано со угостителите за мирна и безбедна туристичка сезона

Од:

Во пресрет на шпицот на летната туристичка сезона, на иницијатива на Секторот за внатрешни работи – Охрид вчера се одржа средба на раководните лица од полицијата со охридските угостителски работници, со цел поблиска и постојана комуникација, размена на информации и координирани активности во насока на превенирање и елиминирање на можните нарушувања на јавниот ред и мир како и други облици на насилно, криминогено и деструктивно однесување.

На угостителските работници притоа им беше посочено дека во летниот период СВР – Охрид ќе презема деноноќни засилени и континуирани законски превентивни и репресивни мерки во областа на јавниот ред и мир, криминалитетот, сообраќајот и во другите области на безбедносен план.

Според полициското соопштение, активностите ќе бидат самостојни, но и во координација со надлежните инспекциски служби и ќе значат контрола на угостителските објекти во однос на почитување на работното време, присуство на малолетни лица по 24 часот, точење алкохол, оддавање на пијанство, непристојно, насилно и дрско однесување, гласна музика и други облици на вознемирување на граѓаните.

Полицијата ги прифати забелешките на угостителите да презема мерки и надвор од угостителските објекти кога станува збор за лицата што се јавуваат како нарушители на јавниот ред и мир, како и на лицата кои вршат различни казнени дела, како и посебно да се ангажира кон сите пријави за гласна музика, водење кучиња без заштитни маски, непрописно паркирани возила во централното градско подрачје и пред угостителските објекти. Полицијата најави дека ќе одговори на сите други барања на граѓаните, што се однесуваат на нивните безбедносни потреби.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он