Полициски службеници ги уапсиле В.А.(54) од Демир Капија и 48-годишната А.Д. од Куманово. На бензинска пумпа во близина на село Каласлари, при преглед во возило „БМВ“ управувано од В.А., а сопатник била А.Д., биле пронајдени и одземени повеќе парчиња брендирана облека, за кои не поседувале документација.
В.А. и А.Д. биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.