А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Поднесено е обвинение против бандата која криумчареше луксузни автомобили, за еден осомничен мерки на претпазливост

by А1он03/01/2025 - 08:3903/01/2025 - 08:43867
Share0

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за обезбедување докази и поднесе обвинение против вкупно десет лица осомничени дека учествувале во криумчарење на луксузни автомобили, како и фалсификување службени и други исправи.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Во текот на 2021 и 2022 година, тие со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола. Двајца од обвинетите се службени лица – референти од Одделението за управни работи во МВР, кои ја овозможувале постапката за регистрација на возилата во државава, иако знаеле дека се криумчарени.

Еден дел од возилата по неколкупати меѓусебно си ги препродавале за да го прикријат криумчарењето, по што ги отуѓувале на крајни корисници. Во овие активности бил вклучен и 11-тиот осомничен, државјанин на Република Грција, за кого кривичниот прогон ќе биде отстапен грчките органи.

Заедно со поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за четворица од обвинетите. По едно лице се трага со веќе распишана меѓународна потерница поради неговата инволвираност во друг сличен предмет со криумчарење луксузни возила кој го водеше Основното јавно обвинителство Скопје. За еден обвинет на сила се мерки на претпазливост“, велат од ОЈО.

Следете a1on на Youtube YouTube
bandasvercerivozila

Би можело да ве интересира

Уапсени се патник и возач на автобус – пронајдени непријавени 34.965 евра

А1он24/05/2026 - 20:10

РКЕ: Зголемена е потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година

Горан Наумовски13/05/2026 - 10:5113/05/2026 - 11:02

Кривичен им одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари

Горан Наумовски23/10/2025 - 19:19

Кривичниот суд одреди по 30 дена притвор за 12 припадници на „шумската мафија“

Горан Наумовски20/09/2025 - 13:3420/09/2025 - 13:37

Мерц: Германија мора да ја предводи електрификацијата на автомобилската индустрија

Горан Наумовски09/09/2025 - 21:54

Руски агенти им плаќаат на луѓе од Србија и БиХ да ставаат пур-пена во издувните цевки на автомобилите

Горан Наумовски06/02/2025 - 18:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео