Кривична за шверцерите на 7 тони канабис вреден 20 милиони евра

Од:

Денеска Секторот за контрола и истраги при Царинската управа на Република Северна Македонија, поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство против едно правно лице и четири физички лица, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 11.8.2022 година во Царинската испостава Гевгелија, при извршена дополнителна контрола при увоз, oд страна на инспекторите од Одделението за истраги од Царинската управа, констатирано е дека станува збор за дробена, сецкана тревкаста материја, за која по направен тест е утврдено присуство на психоактивна компонента која влегува во составот на растението Cannabis.

По добиена наредба од надлежното Основно јавно обвинителство – Гевгелија, Царинската управа достави примерок од растителната материја до Министерството за внатрешни работи за вештачење, со што се потврди дека растителниот материјал преставува: исушени и иситнети врвни делови-вршунки од листови и цвет кои потекнуваат од растението Cannabis.

Со откривањето и спречување на обидот за криумчарење на оваа стока од страна на Царинската управа, спречено е неовластено производство и пуштање во промет на психотропна супстанца, односно 7.000 килограми цвет од канабис, која што на нелегалниот пазар на наркотични средства би достигнала вредност од над 20 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Петмина под истрага за разбојништво во фабрика за канабис во Чегране

ВИДЕО: Запленети 1053 стебла канабис, фирма од Гостивар садела без дозвола

Катерина Ѓуровски

Овци во Грција бараа свежа трева по поплавите и изедоа 100 килограми канабис

Во Грција уапсен македонски државјанин со 45 килограми канабис

Катерина Ѓуровски

Купувањето и поседување до 30 грама канабис во Германија би можело да биде ослободено од казни

А1он