Кривична за вработена во Министерството за здравство: не направила контрола во фирма за производство на медицински канабис

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи (НККР) Свети Николе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Свети Николе против Д.П. (39) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 383-б став 1 од Кривичниот законик.

Како што информираат од МВР, Д.П. во периодот од 18 ноември 2022 до 21 август 2024 година, како претседател на Комисијата за оценување на исполнетоста на условите во однос на простор, опрема и кадар за одгледување канабис за медицински цели при Министерството за здравство, несовесно постапувала при извршувањето на службените должности.

Таа, иако согласно Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции била должна да организира најмалку две контроли во периодот од сеење или садење до берба, не организирала и не извршила инспекциски контроли кај правно лице во Свети Николе кое произведувало медицински канабис.

Од МВР наведуваат дека, и покрај известувањата доставени од правното лице во текот на 2022 и 2023 година, пријавената не презела законски пропишани контроли, со што му овозможила на правното лице да оствари вишок на производство од 56 килограми канабис. Вишокот бил констатиран со записник од извршена контрола на 19 февруари 2025 година.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма во струмичко, МВР поднесе кривични пријави

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски