Полицијата трага по убиецот на Нешкоски, кој не се јавил во „Идризово“ да ја доиздржи казната

Од:

Министерството за внатрешни работи добило наредба за приведување на Игор Спасов, специјалецот кој една недела не се пријавил на доиздржување на затворската казна во „Идризово“. Од МВР велат дека постапуваат по наредбата издадена од штипскиот суд, но дека Спасов се уште не е пронајден. Тој уште минатиот петок требало да се пријави на доиздржување на затворската казна.

Спасов досега има одлежано половина од казната – седум од 14 години, на колку што беше правосилно осуден. Казната лани му беше ставена во прекин поради здравствени причини, а од Управата за извршување санкции тогаш изјавија дека не може да се лекува во затворот „Идризово“ и дека тоа мора да биде во домашни или болнички услови.

„Казната му беше во прекин од 29 август 2018 година, поради здравствени причини. Тој требаше да се јави во затворот на 18-ти овој месец, односно минатиот петок. Ние го известивме судот и баравме образложение дали судот му го продолжил прекинот или пак лицето треба да се јави на доиздржување на казната“, ни изјави утринава Боби Мојсовски, директор на затворот „Идризово“.

Спасов беше осуден во јуни 2011 година поради убиството на младиот Мартин Нешкоски на плоштадот во Скопје, додека ВМРО-ДПМНЕ ја славеше победата на изборите.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари