Полицијата се уште трага по осомничениот за тројното убиство во Кавадарци

Од:

Полицијата интензивно трага по осомниченото лице за вчерашното тројно убиство во Кавадарци и се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот, информира денеска портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.

Одговарајќи на новинарски прашања Стојковска ги демантира информациите објавени во одредени медиуми оти осомничениот бил припадник на  единици на МВР и пукал со службен пиштол.

– Во интерес на фазата во која се наоѓа полициската истрага не би можеле сега да го откриеме идентитетот на осомниченото лице, потенцира Стојковска.

Тројното убиство беше извршено вчера во семејна куќа на убиените со огнено оружје калибар 9 м.м.. Со по еден истрел во пределот на телото се застрелани 61 годишниот Илија.Л. Билјана Л. 56 години и нивната 33 годишна ќерка Снежана Л, сите од Кавадарци.

При увидот на местото на убиството се подигнати чаури и траги од кои се испратени на вештачење во криминалистичка техника при МВР. По наредба на јавен обвинител, како што информира Стојковска, телата на починатите се предадени во Институтот за судска медицина заради вршење обдукција.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски