Мерката за носење лична заштита во изминативе 24 часа ја прекршиле 659 лица. Исто така, во изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 261 лице потпишало изјава за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за изолација, а три лица не ја почитувале мерката за самоизолација.