Полицијата пронајде мигранти во напуштено возило во село Речица

Од:

Полицијата пронајде пет Пакистанци и Индиец во автомобил што по бегство од полицијата бил оставен од возачот на влезот на село Речица.

На регионалниот пат село Речица – село Ваксинце ноќеска во 00:50 часот полициски службеници дале знак за сопирање на патничко моторно возило „Опел Синдра“, но автомобилот не запрел и се упатил кон село Речица.

– Возилото е пронајдено оставено покрај патот на влезот во селото, а возачот го напуштил местото на настанот. Во возилото се пронајдени пет лица од Пакистан и едно лице од Индија, по што се приведени и предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка, информира Министерството за внатрешни работи во деневниот Билтен.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари