Полицијата не знаела дека Манојловски е пратеник, вршеле проверка за извршено кривично дело

Од:

Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров вршеле проверка на возила на граѓани во врска со извршено кривично дело, а меѓу нив и возилото на пратеникот Горан Манојловски, без притоа да знаат дека станува збор за пратеник.

Вака го појаснија од МВР за МИА случајот со пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Горан Манојловски кој утрото бил запрен и неговото возило било претресено од страна на полицијата, по што тој одби да учествува на денешните седници на собраниските комиси, меѓу кои и на Комисијата за труд и социјална политика.

– По извршена проверка, на лицето му е дозволено да си оди без никакви проблеми, посочуваат од МВР.

Инаку, заменик претседателката на собраниската Комисија за труд и социјална политика Весна Пемова денеска ја прекина седницата поради немање кворум, откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски ја напушти седницата во знак на револт, како што кажа, поради инцидент што му се случил на пат кон Собранието.

Манојлоски рече дека утрово кога одел на работа кон Собранието на кружниот тек во скопската населба Ѓорче Петров бил запрен од страна на вооружени полицајци кои, како што посочи, и покрај тоа што им кажал дека е пратеник му рекле да излезе со цел да извршат претрес внатре во возилото.

Потенцира дека нема да се враќа на работа во собраниските комисии додека не добие официјално известување од страна на министерот за внатрешни работи или МВР во врска со настанот.

Би можело да ве интересира

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија