Полицијата ќе му прави ненајавени проверки на Мијалков

Од:

Министерството за внатрешни работи по барање на судот, на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков кој беше пуштен од затворски во куќен притвор, ќе му прави ненајавени проверки на домашна адреса. Според личната карта на Мијалков, како живеалиште е наведена куќата во негова сопственост која се наоѓа на улицата Салвадор Аљенде на Водно.

„СВР Скопје доби решение од Основниот суд Скопје 1, со кое на осомничениот С.М. му се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена сметано од 29.12.2018. Мерката куќен притвор предвидува ненајавена проверка од полициски службеници, со цел да се утврди дали ја почитува лицето на кое му е одредена мерката. До СВР Скопје од Основниот суд Скопје 1 од СЈО нема пристигнато друго решение за преземање на мерки“, велат од МВР за „А1он”.

Мијалков во текот на вчерашниот ден со одлука на Кривичниот суд беше пуштен од затворски во куќен притвор за предметот „Империја“ во кој е осомничен. Ексдиректорот на УБК е обвинет и во уште неколку предмети на специјалното јавно обвинителство – „Тортура“, „Таргет-тврдина“ и „Титаник 2“.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева изјави дека е добро за реформите за владеењето на правото осомничените и обвинетите од истрагата „Империја“ и предметот „Титаник“ да бидат во куќен притвор. Таа исто така истакна дека тие не можат да влијаат врз сведоци, да го повторат делото или пак да се дадат во бегство.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Притвор за двајцата приведени за убиството на лекарот во Железара

Анита Петровска Рајковиќ

Таткото на Вања останува во притвор – Врховен му ја одби жалбата

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува