Полицијата казнила 97 кумановски моторџии за два и пол месеци

Од:

СВР Куманово за два и пол месеци регистрира 97 прекршоци кои ги извршиле возачи на моторцикли, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Прекршоците се евидентирани во периодот мај, јуни и првата половина од јули.

Најголем број од прекршоците – 70 се поради неносење заштитен шлем, 17 од контролираните управувале мотор без возачка дозвола, седум управувале нерегистрирано возило, по едно лице биле санкционирани, заради управување мотор со поминат рок на полиса за осигурување, технички неисправно и управување на мотор со поминат рок на регистрација.

– Во периодот од месец мај до 16 јули годинава на подрачјето на Општина Куманово се случиле 17 сообраќајни незгоди во кои учесници се моторциклисти од кои 13 се здобиле со телесни повреди, а четворица со тешки телесни повреди, соопштија од МВР.

Би можело да ве интересира

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски