Полицијата истражила, па испратила акт со наодите за дивоградбата кај „Мавровка“ до Обвинителството

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за  економски и компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност, изминатиов период применувајќи ги неопходните мерки и активности од делокругот на својата надлежност, интензивно работеше во насока на утврдување на постоење основи  на сомнение за сторено кривично дело ,,бесправно градење"  кое што се гони по службена должност по чл. 244-а од Кривичниот законик на Република Северна Македонија во реонот на Трговскиот центар „Мавровка“.

По исрцпување на сите истражни мерки и активности во насока на откривање и документирање на кривично – правниот настан, денеска 07.08.2020 (петок), од страна на СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до
Основното јавно обвинителство Скопје беше поднесен соодветен акт од сите досега преземени мерки и активности во врска со кривично-правниот настан „бесправно градење“, кој што се однесува на членот 244-а од Кривичниот
законик.

Заради утврдување на елементи на постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, кои што се гонат по службена должност, а се однесуваат на предметниот кривично-правен настан, СВР Скопје ќе продолжи и понатаму со
преземање на соодветни мерки и активности од делокругот на својата надлежност,“ се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Наставничка истепа ученик во основно училиште во Гостивар

Ана Ололовска

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

Ана Ололовска

ЗНМ и МВР со протокол за безбедност на новинарите на интернет

ВИДЕО: Врие од лажни наградни игри, а МВР тешко им влегува во трага на измамниците

Петар Клинчарски

Пронајдена дрога во Прилеп, приведено едно лице

Ана Ололовска

Триесетдневен притвор за гостиварецот кај кого беше најдена поголема количина кокаин

Ана Ололовска