Полицијата ги избрка младите кои се забавуваа на Водно

Од:

Полицијата ги избрка оние кои вечерта ја минуваа на паркинзите на Водно и правеа журки. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека веднаш биле преземени мерки и упатија апел до младите.

 

„Во врска со препораките на Владата за преземање на мерки за расчистување на поголеми групи на луѓе јавни простори, како една од мерките за справување со корона вирусот, СВР Скопје презеде мерки за расчистување на поголема група на млади на Водно. Уште еднаш апелираме до младите да ги почитуваат мерките на владата“, информираа од МВР.

Инаку, „А1он“ објави дека над 40 возила со по неколку лица во нив, вечерта со пијалок и музика ја минуваа на Водно, додека улиците во Скопје се празни. Ова е спротивно на препораките од Владата за заштита и превенција од ширење на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба