Полиција ја чува Арсовска додека превозниците блокираат

Од:

Интервентна полиција со панцири стои пред влезот на Градско собрание додека од другата страна на „Илинденска“ превозниците го блокирааат сообраќајот поради тоа што четири месеци Градот не ги исплатил.

По прес-конференцијата на Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“, новинарите со камери поставени пред Градско собрание, бараа одговори од градоначалничата на Скопје, Данела Арсовска, но ниту таа ниту некој од службите во Градот излезе да даде објаснување  што ќе преземат по блокадите на три клучни крстосници и хаосот во сообраќајот.

Јовановски од „Слобода превоз“ во име на приватните превозници  денес кажа дека блокадите не само што остануваат, туку и ќе ги прошират се’ додека не им се исплатат заостанатите долгови.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Се чекаат кандидатите за пратеници на Данела Арсовска: На изборите ќе се гласа за пет коалиции и две партии

Орце Костов

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Арсовска постави нов директор на Водовод и канализација