Полицајци спасија повреден припадник на АРМ на линија на пожар

Од:

Полициски службеници со хеликоптерот на МВР Агуста Бел 212 денеска извршија спасување на повредено воено лице на линијата на пожар во Штип.

-Во исклучително тешки услови беше извршено драматично спасување на С.Н. од македонската Армија од првата пешадиска бригада од Штип за време на неговата несебична борба со огнената стихија. Полициските службеници уште еднаш на дело ја покажаа својата хуманост и одговорност кон секој еден човек пред се, соопшти МВР.

Оттаму најавуваат дека активностите на полициските хеликоптери продолжуваат се до целосно гасење на пожарите на територијата на целата држава.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче