Полицаец повреден од колега во Тетово

Од:

Во Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Тетово со огнено оружје денеска е повреден полицаец од страна на негов колега.

– Околу 10 часот во просториите на објектот на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај – Тетово со огнено оружје е повреден полицискиот службеник Ж.Ј. (51). Го повредил 35-годишен колега, изјави портпаролот на СВР – Тетово Маријан Јосифовски.

Повредениот полициски службеник, како што рече Јосифовски, по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница во сериозна состојба итно е префрлен на скопските клиники.

– Дали станува збор за несреќен случај, невнимание или нешто друго, ќе утврди истрагата откако заврши увидот што го водеше јавен обвинител, а во кој учествуваше екипа од СВР – Тетово, рече портпаролот Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари