Полицаец, двајца доктори, студент и градежен инженер во трка за градоначалник на Охрид

Од:

До Државната изборна комисија се поднесени пет кандидатури за градоначалник на Општина Охрид. Кандидати за градоначалник се двајца доктори, полицаец, студент и градежен инженер.

Кандидат на СДСМ е актуелниот вршител на должност градоначалник – Константин Георгиевски, лекар, специјалист по интерна медицина, неврохирургот Митре Милошески е кандидат за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ.

Полицаецот Стече Стевоски е кандидат за градоначалник од Партијата Демократи. Тој за градоначалник, како независен кандидат, се кандидираше и на изборите во 2017 година и освои 679 гласови односно 2.01 % од гласовите.

Кандидат за градоначалник од Граѓанско демократската унија е градежниот инженер Михаил Трендафилов – Нанче, а петтиот кандидат е студентот и актуелен советник во Советот на Општина Охрид, Џемал Мена од БЕСА. Мена е советникот кој лани во октомври предложи Општина Охрид од буџетот да одвои 1 милион денари за лекување на охриѓанката Сара Настеска која боледува од малиген тумор. Предлогот беше отфрлен со објаснување дека ако еднаш се одвојат пари од буџетот, тоа ќе треба да се прави за секое дете.

На претстојните претседателски избори Охрид ќе избира и градоначалник поради ненадејната смрт на Јован Стојаноски на 15 декември минатата година. Стојаноски беше избран за градоначалник на Охрид во октомври 2017 година.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Со општински пари екс-градоначалник на Росоман го исплати личниот долг од 500.000 денари

А1он