Пола милион евра за празници: На тендерот едни исти – 100.000 евра на тетовска фирма за 22 години од Рамковниот, 350.000 за четири државни празници

Од:

Половина милион евра ќе чини одбележувањето на државните празници и прославата на годишнината од Рамковниот договор. И оваа година тендерите ги добија веќе познати фирми и биле единствени понудувачи кој се јавиле на огласот.

Тендерите ги добија две фирми, на јавни набавки на кои немале конкуренција. Тетовската фирма „Арбериа дизајн“ повторно ќе ја организира годишнината од Рамковниот договор.

 

Фирмата „Скопје Филм Студио“, пак, е задолжена да ги организира прославите за 2 Август – Денот на Републиката, Илинден, 8 Септември – Денот на независноста, 11 Октомври – Денот на народното востание и 8 Декември – Ден на Св. Климент Охридски.

На „Скопје Филм Студио за реализација на настани за одбележување на овие четири празници, ќе ѝ бидат исплатени околу 350.000 евра. Како и 150.000 евра за осмислување и реализација на активности на настан – Отворен Балкан.

Околу 100 илјади евра ќе чини одбележувањето на 22-годишнината од Рамковниот договор. Се бара стихотворба од реномиран поет и спот за песна.

Овој договор го доби тетовската фирма  „Арбериа дизајн“. За 100 илјади евра ќе треба да ја организира манифестацијата и да обезбеди хотелски, кетеринг и други услуги. 300 илјади денари за концепт за организирање на настанот, како и 290 илјади денари за стихотворба од реномиран поет, музички аранжман и аудио запис на песна по повод годишнината.

За продукција на спот за песната се предвидени околу 4.000 евра. Додека продукцијата на аудио-визулен спот за постигнувањата на Охридскиот договор ќе чини околу 6.000 евра.

Според договорите коишто се објавени на Бирото за јавни набавки, склучени во јули, а се на сила до крајот на годината. Како критериум за доделување на договорот се наведува најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот.

 

Би можело да ве интересира

Биро за јавни набавки: ЈСП избрало неприфатлива понуда за набавка на нафта

Катерина Ѓуровски

Лосос, фаширана шницла и тулумби за Армијата: Министерството ќе плати шест милиони евра за ручеци

A1on

Фирма за облека основана на 31 јануари доби тендер од Општина Охрид за набавка на цвеќиња

Александар Тодески

Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

A1on

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

ВМРО-ДПМНЕ: Власта пред заминување сака да ги наполни куферите со пари од тендери

А1он