Поголема соработка помеѓу РСБСП и АСО за побезбеден сообраќај

Од:

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) денеска потпишаа меморандум за партнерство и соработка и заедничко дејствување.

Предмет на заедничка соработка ќе биде реализација на активности за унапредување на финансиската писменост во областа на осигурувањето, реализација на активности за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, активности за намалување на бројот на загинати и настрадани лица во сообраќајни незгоди, едуцирање и финасиско знаење на ѓраѓаните за нивните права и обврски од осигурување во сообраќајот…

Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски изјави дека врз основа на денешниот меморандум за соработка РСБСП и АСО во наредниот период ќе реализираат бројни заеднички активности за зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку намалување на бројот на нерегистрирани возила во сообраќајот, активности за подигање на јавната свест за предностите и придобивките од осигурување на возилото, финансиско знаење на учесниците во сообраќајот за полисата за автоодговорност, пријавување на штета во случај на настанување на штетен настан, права и обврски од зелена карта, права и обврски, пополнување на европски записник и многу други активности.

Претседателот на Советот на експерти при Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски рече дека и во досегашниот период АСО и РСБСП остварувале високо ниво на соработка, а потпишувањето на денешниот меморандум за соработка ќе значи чекор напред кон унапредување на соработката помеѓу двете тела, континуирана размена на искуства, совети и информации во врска со позитивните пракси кои се употребуваат и кои што можат да се применат, а се со единствена цел едукација и заштита на животот и здравјето на граѓаните и заштита на нивните права.

Би можело да ве интересира

РСБСП: Мотоциклисти внимавајте и почитувајте ги сообраќајните правила

Ана Ололовска

РСБСП: Неколку практични совети за трудници – возачи

Ана Ололовска

Кампања за улогата на жената во безбедноста во сообраќајот

Ана Ололовска

РСБСП: Околу 40.000 нерегистрирани и неосигурени возила активно се вклучени во сообраќај

(ВИДЕО) Манчев: Автопатот Скопје – Тетово не е црна точка

Ана Ололовска

РСБСП: Младите возачи да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината и да не возат под дејство на алкохол

Ана Ололовска