А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Поевтин роаминг меѓу Република Северна Македонија и Република Грција

by А1он19/02/2019 - 12:58262
Share0

Поевтин роаминг меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, а во делот на податочниот сообраќај уште во летната сезона, најавија денеска ресорните министрите на двете држави Дамјан Манчевски и Никос Папас по потпишувањето Меморандум за разбирање.

Добивај вести на вибер

– Се согласивме дека максималните цени на роаминг услугите треба да се намалат до нивото на оние цени што се менуваат во ЕУ. Со Меморандумот се предивидува динамично намалување на големопродажните и малопродажните цени во роаминг услугите со цел да дојдат на ниво како што важат и во ЕУ пред да се воведе принципот роаминг како дома, рече Манчевски на прес-конференција во Владата.

Меморандумот е прва билатерална активност по потпишувањето на Договорот од Преспа, а во иднина како што најавија Манчевски и Папас, ќе следат билатерални договори во уште многу области со конкретни придобивки за граѓаните.

Регулаторите на двете држави во наредните два месеца до владите треба да достават соодветни планови за спроведување на Меморандуот за соработка.

-Ќе се обидеме до крајот на мај и почетокот на јуни да ги имаме првите резултати. Целта е ова лето граѓаните да почувствуваат конкретни резултати особено во делот на интернетот. Динамиката што ја утврдивме за целосното укинување на цените во роамингот иако во меморандумот оставивме малку повеќе простор, ќе сакаме сепак да се изедначи со динамиката што ја имаме со останатите земји од Западен Балкан, што значи до 2021 година, рече Манчевски.

Неговиот колега Папас истакна дека се подготвени да ги преземат сите правни мерки и алатки со цел граѓаните од двете држави многу бргу уште во претстојната туристичка сезона да имаат намалување во телекомуникациските сметки.

manecvskinikos papasroaming

Би можело да ве интересира

За 30 отсто поевтини роамингот за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028 цените се изедначуваат

Катерина Ѓуровски04/10/2023 - 12:06

Ќе плаќаме помали сметки – Од денеска се намалуваат цените за интернет во роаминг со земјите од ЕУ

Анита Петровска Рајковиќ02/10/2023 - 14:44

Наскоро се укинува роамингот меѓу Западен Балкан и ЕУ

Катерина Ѓуровски17/01/2023 - 14:0717/01/2023 - 14:24

ВИДЕО: Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од ЕУ од 2023 година

Ана Ололовска06/12/2022 - 11:1206/12/2022 - 12:10

РСС предупредува: Роамингот на Западен Балкан од 1 јули не се наплаќа, операторите и националните регулатори да се придржуваат до договорот

Катерина Ѓуровски03/07/2021 - 15:4503/07/2021 - 15:47

Земјите од Западен Балкан со поддршка на еврокомесарката Мариа Габриел обединети за дигитализација и намалување на цените во роаминг во регионот

Сандра Бошковска18/02/2019 - 17:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен