Поднесено обвинение за повеќекратно разбојништво

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице кое се товари за едно кривично дело, разбојништво, како и за продолжено кривично дело, разбојништво.

– Имено на 10 ноември 2017 година, на бензинска пумпа на улица „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, обвинетиот со закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на едно оштетено лице му одзел 16.384 денари. Притоа, на оштетениот му се заканил со нож и му ги одзел парите од џебот, а се обидел да ја ограби и касата за наплата, но во неа немало пари, наведоа од ОЈО.

Посочија дека, претходно, во текот на 2015 и 2016 година, обвинетиот со умисла извршил пет други дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, притоа искористувајќи ист траен однос, исти прили и други слични околности.

– Притоа цел на разбојништво биле таксисти од различни такси компании, од кои обвинетиот барал да го превезат на различни локации во Скопје, а потоа со закана им одземал помали суми пари. На овој начин вкупно одзел 12.650 денари, соопштија од ОЈО.

Истакнаа дека, поради опасност од бегство, опасност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и оправдан страв дека би можел да изврши нови кривични дела од ист вид, надлежен јавен обвинител заедно со обвинителниот акт достави и Предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.​

Би можело да ве интересира

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

Работник во телекомуникациска компанија загина по пад од бандера во Елшани

Удрил во ѕид, па во полициско возило: уапсен 20-годишник од Студеничани баран за издржување затворска казна

Катерина Ѓуровски

Незаконски продавале отпадно железо, го оштетиле „Тутунски комбинат“ – Прилеп за 54 илјади евра

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени