Поднесено обвинение за неовластено држење марихуана во Студеничани

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Обвинетиот, на 13-ти јуни, во својот дом во Студеничани, неовластено заради продажба држел марихуана во вкупно количество од 137 грама. Дрогата била спакувана во црна полиетиленска кеса.

ОЈО СКопје денеска соопшти дека надлежниот јавен обвинител ценел оти и натаму постојат законски основи и заради тоа на обвинетиот, на кој претходно му беше определена мерка куќен притвор, до судот е доставен и предлог за продолжување на оваа мерка.

Би можело да ве интересира

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Опсежна полициска операција во Струмичко, се претресуваат „легални“ производители на канабис

Горан Наумовски

„Нова ера“ на затворскиот криминал: Специјализирани банди со дронови доставуваат дрога и оружје

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните