Oбвинение против скопјанецот од Крушопек кој во пакети со банани шверцуваше кокаин

Од:

Поднесен е обвинителен акт против скопјанец од Крушопек поради нелегална трговија со дрога – кокаин. Дрогата во февруари годинава беше откриена при извршен претрес на товарно моторно возило, во пакетите со банани.

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека, по завршување на истражната постапка, поднело Обвинителен акт против едно лице за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Станува збор за претходно оформен кривичен предмет во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за нелегална меѓународна трговија со наркотична дрога – кокаин, каде постапката се водеше против две лица за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Откако кривичната постапка беше запрена против едниот осомничен, списите од овој предмет за вториот осомничен беа доставени на понатамошно надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје.

Со поднесеното обвинение, обвинетиот се товари дека на 19 февруари оваа година во село Крушопек, општина Сарај неовластено заради продажба држел наркотична дрога – кокаин со тежина од 1001 грам. Дрогата била откриена при извршен претрес на товарно моторно возило, во пакетите со банани кои биле превезувани за правното лице – сопственост на обвинетиот. Кокаинот бил спакуван во едно пакување во правоаголна форма, со две полиетиленски безбојни обвивки на кои имало ознаки и втиснато лого – глава на јарец.

Би можело да ве интересира

Скопјанец со голема количина на кокаин е уапсен кај Лесковац

Горан Наумовски

ВИДЕО: Застојот во борбата со корупцијата е поради Обвинителството, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Осомничен за илегална трговија со дрога ја искинал наредбата за претрес во неговиот дом

Запленет кокаин во Гевгелија, лишен од слобода дилер, одреден му е притвор

Ја удрил со ретровизор, починала веднаш, возел со 99% слепило и без дозвола

Сопствениците на отпадот во Визбегово што се запали ќе одговараат за загрозување на животната средија