Tужба против Владата за аерозагадувањето

Од:

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) поднело тужба пред Граѓанскиот суд против Владата на РСМ, Министерството за животна средина и Град Скопје континуираното аерозагадување, за утврдување на повреда на правото на здрава животна средина, правото на здравје, право на приватност на личен и семеен живот и неповредливоста на домот и преземање на мерки.

„Со тужбата се бара утврдување дека тужените ги повредиле правото на здравје, правото на здрава животна средина, право на приватност, на личниот, семејниот живот и правото на неповредливоста на домот затоа што од периодот од 2007 до 2018 година, не преземале неопходни мерки и активности согласно законските должности   за справување со аерозагадувањето и редуцирање на PM 10 честичките во амбиентиот воздух. Здружението побара да се утврди и дека од 2013 до 2018 не се преземени неопходни мерки за да не се надминат гранични вредности на PM 2.5 честичките“, информираат од МЗМП.

Се тужбата исто така, се бара ревидирање на законските и подзаконските акти со цел постигнување на хармонизација на националната легислатива со директивата на ЕУ, овозможување на систем на непречена размена на податоци, воведување на санкции/казни на централно и локално ниво поради неусогласеност со целите и политиките за квалитет на воздух, да се обезбеди буџет за работењето на мерните страници и други мерки за подобрување на квалитетот на амбиентиот воздух.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Скопје меѓу првите десет најзагадени градови во светот

Катерина Ѓуровски

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Скопје со најотровен воздух во Европа, десетти најзагаден град во светот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски