Подгответе се за екстремно ниски температури

Од:

Во текот на ноќта и утре територијата на Македонија ќе биде под влијание на нов влажен и студен бран. Времето ќе биде облачно со врнежи од снег, кои на места ќе бидат пообилни што ќе придонесе висината на снежната покривка да се зголеми. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево, студено и ветровито. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура беше -7°Ц, а максималната дневна температура ќе достигне до 2°Ц.

Утре ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од снег. Се очекуваат поинтензивни врнежи од снег. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен. Утринските температури ќе се движат од -11°Ц до -2°Ц, а максималните дневни температури ќе се движат  од -2°Ц до 5°Ц.

Од среда се очекува стабилизација на времето, односно ќе биде претежно сончево со локална облачност и студено. Во утринските часови ќе има појава на мраз. ќе дува засилен северозападен ветар, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветар. Понекаде ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -12°Ц до -3°Ц, а максималните дневни температури ќе достигнат до -2°Ц односно до 5°Ц.

Во четврток во утринските часови ќе има појава на мраз, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и студено. Ќе дува слаб ветар со променлив правец. Утринските температури од -15°Ц до -6°Ц, а максималните дневни температури ќе се движат од -2°Ц до 5°Ц.

Ледено утро не очекува и во петок кога ќе има појава на мраз, а утринските температури ќе се движат од -15°Ц до -6°Ц. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Ќе дува слаб ветар со променлив правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 0°Ц до7°Ц.

Од сабота се очекува дестабилизација на времето, но и пораст на температурите. Ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и снег. Врнежи од снег ќе има на ридско-планинските предели и на планините. Ќе дува засилен југоисточен ветар. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од  -9°Ц до 0°Ц, а максималните дневни температури ќе се движат од 1°Ц до 7°Ц.

Во недела во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд и потопло. На ридско-планинските предели и на планините со врнежи од снег. Ќе дува слаб југоисточен ветар. Утринските температури ќе се движат од -6°Ц до 3°Ц, а максималните дневни температури ќе достигнат до 3°Ц, односно до 9°Ц.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Оркански удари на ветер до 134 километри на час во вчерашното невреме, вредности блиску до историски рекорди

Катерина Ѓуровски

Над 30 повредени во невремето во Скопје третирани во болницата „Свети Наум Охридски“ и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“