Подготвено столчето од каде што ќе сведочи Груевски

Од:

Определено е местото каде ќе седне премиерот, Никола Груевски, пред Анкетната комисија за да одговори на пратеничките прашања поврзани за скандалот со прислушувањето.

Груевски ќе седи меѓу пратениците од својата партија, а спроти претседателот на Комисијата, Петре Шилегов.

anketnagruevski (2)

Неговото сослушување е закажано за 12.00 часот, но се очекува седницата да започне покасно. Груевски е првиот сведок кој ќе се појави пред Анкетна.

До сега соочувањето со Комисијата го избегнаа Јанкулоска, Мијалков и Протоѓер, а министерот за финансии Зоран Ставрески го презакажа за 17- ти декември. Останува Комисијата да утврди дали сведочењето на Груевски ќе биде затворено за јавноста.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го спомнаа прашањето за безбедносните сертификати при нивното влегување во салата. Според некои информации премиерот ќе побара да сведочи на затворена седница. Тоа значи дека неговото сослушување ќе можат да го следат само пратеници и службеници на кои им е издаден безбедносен сертификат.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Мизрахи бара продолжување на работата на Анкетната за Онкологија

A1on

Филипче: Реверсот не го оправдувам, за да има лек за сите паценти морале да го земаат

Сали побарал оставка од директорот Васев: Поранешниот министер сведочеше пред Анкетната за „Онкологија“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шилегов: Поради бојкотот и блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, Анкетната не функционира

Емир Латифовиќ

Собранието ја продолжи расправата за анкетна комисија за фалсификување лични карти

Емир Латифовиќ

Продолжува расправата за Анкетната за фалсификувањето лични карти

Емир Латифовиќ