ПОДЕМ: Разумност и зачувување на уставното име, идентитет и јазик

Од:

Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ го поддржа денешниот Семакедонски митинг, како и сите иницијативи за одбрана на уставното име на Република Македонија.

„Денеска имавме можност да го проследиме и интервјуто на премиерот Зоран Заев за агенцијата Ројтерс, каде што извесно е дека во спорот со Грција се преговара за четири имиња. Предлозите се Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје). Истовремено во интервјуто се вели дека граѓаните на референдум ќе го поддржат решението дококу е тоа достоинствено. ПОДЕМ јавно прашува какво е тоа достоинствено решение, ако истото вклучува и промена на името“, велат од партијата.

Од друга страна, додаваат од таму, прифаќањето на едно од понудените имиња ќе повлече и промена на Уставот, што значи и промена на идентитетот и јазикот, на што ПОДЕМ категорично се спротивставува.

„Оттука, ПОДЕМ повикува на разумност и зачувување на уставното име, идентитет и јазик.Во спротивно македонскиот народ ќе мора преку протести како денешниот Семакедонски протест да го брани своето право на уставното име и да го зачува достоинството на името на Република Македонија“, велат од ПОДЕМ.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска