Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Од:

Виктор Габер, копретседател на македонскиот дел на Мешовитиот комитет на експерти од Северна Македонија и Грција за историски, археолошки и образовни прашања, формиран согласно обврските од Договорот од Преспа, денеска изјави дека македонската страна одржува постојани состаноци и е во очекување да се формира грчкиот дел од Комисијата, поради најавата дека ќе има промени во нивниот состав.

– Се надеваме дека тоа брзо ќе се случи, контактите се редовни, но не се официјални и не можат да доведат до одредени заклучоци што ние треба да ги трансформираме во препораки до владите за да дојде до финализација на нашиот труд, рече Габер.

Тој не очекува дека е можен застој во работата на Комисијата поради предврмените парламентарни избори во земјата, како и потешкотии во однос на некои прашања што ги работи Комисијата, како што е случајот со македонско-бугарската експертска комисија.

– Имаме договор потпишан меѓу двете земји, ратификуван во двата парламента и претставен пред Обединетите нации. Тоа значи дека која било Влада да дојде и во двете земји, мора да го примени тој договор затоа што е сериозен меѓународен сујбјект. Ние имаме многу постриктни обврски од Договорот од Преспа и мислам дека во наредните седници ќе дојдеме до заклучоци коишто ќе предизвикаат препораки до двете влади да ги применат тие препораки во внатрешниот образовен систем, рече Габер.

Во Договорот од Преспа се наведува дека „Комитетот ќе разгледа и доколку утврди дека е соодветно, ќе изврши ревизија на кои било учебници и помошни наставни материјали како што се карти, историски атласи, наставни упатства кои се користат во секоја од Страните“. За оваа цел, како што се наведува во Договорот, „Комитет ќе дефинира конкретни временски рамки за да се обезбеди дека во секоја од Страните ниту еден учебник или помошен наставен материјал што се користи во годината по потпишувањето на оваа спогодба не содржи какви било иредентистички/ревизионистички упатувања“. Комитетот редовно ќе се состанува, а најмалку двапати годишно и ќе поднесува годишен извештај за своите активности, како и препораки кои треба да бидат одобрени од Советот за соработка на високо ниво.

Шефот на македонската делегација во Меѓународната група експерти за комерцијалните имиња, трговските марки и заштитните знаци, согласно Договорот од Преспа, Ѓорѓи Филипов, вчера изјави дека вториот состанок на оваа група ќе се одржи до крајот на годината во Атина. Тој ги повика деловните заедици активно да се вклучат во овие дискусии бидејќи до нив е да ги решат трговските марки согласно Договорот од Преспа.

Согласно Договорот од Преспа, оваа Меѓународна група експерти, формирана во јуни 2019, треба да ја заврши работата во рок од три години, односно до 2022 година.

Би можело да ве интересира

Грчки дипломатски извори за АНА-МПА: Договорот од Преспа не може еднострано да се промени

Предраг Петровиќ

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Почна примената на правилата од Преспанскиот, од земјава се излегува само со Северна

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд едногласно одлучи да не се поведе постапка за Преспанскиот договор

А1он

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите