За верниците од муслиманска вероисповед, почнува почнува месецот на пост, молитви, милост и простување, Рамазан.
Рамазан се слави 30 дена. Почетокот на рамазанското празнување, секоја година се пресметува според појавувањето на младата месечина.
Во овие 30 дена, верниците ќе се воздржуваат од храна, од пијалоци. Но и од лоши дела и мисли.
Верниците стануваат пред изгресонцето, јадат и се молат. По зајдисонцето, можат повторно да земат храна.
Во Скопје, времето на ифтар, кога завршува постот, и може да се конзумира храна и вода , денеска е во 20 часот и 14 минути, а во 3 часот и 2 минути, повторно почнува постот. Во сите градови ова време е различно.
Постои верување дека со почетокот на месецот Рамазан се отвораат вратите на џенетот (рајот), а вратите на џехенемот (пеколот) се затвораат, додека шејтаните (ѓаволите) се оковани.
Се верува дека 27 ноќ од Рамазан (лејлетул-кадр) е најзначајна во годината бидејќи во текот на ноќта почнала објавата на Куранот.