Почнува Неделата на гордоста

Од:

Со проекција на кратки видеа за транс луѓето во Македонија во ЛГБТ Центарот за поддршка во Стара чаршија и со дискусија на тема „Здравствени права на транс лицата“, денеска во 18 часот официјално ќе отпочне Неделата на гордоста која ќе трае до 27 јуни.

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, ЛГБТ Јунајтед во соработка со ЛГБТИ центарот за поддршка и „ЛезФем“, стојат зад настанот кој се одржува како симболично одбележување на Stonewall бунтот и на 27 јуни како интернационален ден на гордоста на лезбејките, геј мажите, бисексуалците и трансродните луѓе.

Во понеделник, во рамки на манифестацијата, во Хотел Арка со почеток во 13.30 часот, ќе се одржи дискусија со претставници на Парламентот, институции и граѓански здруженија на тема „Дискриминација и говор на омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“.
За во вторник во ГЕМ клуб, со почеток во 18.00 часот планирана е проекција на филмот „Како да ја преживееш чумата“ и дискусија на тема „Загуба, гнев и активизам“.

Оваа среда на истата локација и во истиот термин ќе има проекција на филмот „Не ти е животот хавајска песна“ и дискусија на тема „Лезбејките, семејството и пријателите“.
Неделата ќе заврши во четврток со завршна забава.

Настаните се поддржани од проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено Општество Македонија.

Како реакција на овој циклус настани изминативе денови на социјалните мрежи се појави група која пројавува хомофобни идеи и која во името на Црквата и конзервативноста повикува на контра-протести со цел јавно да се изрази став кој не оди во прилог на плурализмот и демократијата.

Би можело да ве интересира

НМХТ: Граѓаните да им пишат мејлови на премиерот и на министрите јавно да ја осудат хомофобијата

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Активисти: Премиерот јавно да го осуди насилството врз ЛГБТИ заедницата

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Пировска: Власта сака да го чува бракот, а воведува вонбрачна заедница

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: НЕ на хомофобијата, омразата и дискриминацијата!

Ана Ололовска

ФОТО: Актери, музичари и јавни личности во кампања против хомофобијата

Ана Ололовска

Стартува кампања за човековите права на ЛГБТ лицата

Емир Латифовиќ