Почнува изработката на стратегија за одржлив развој на Кочани

Од:

Со одржувањето на првата, консултативна работилница Општина Кочани го почна процесот на изготвување стратегија за одржлив развој до 2023 година.

Изработката на стратегискиот документ ќе биде спроведена низ транспарентен процес со вклучување на сите клучни засегнати страни – јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, со посебен фокус на родовата интеграција во сите аспекти на процесот.

Постапката ќе ја водат надворешни експерти од UN Women, организацијата која преку регионалниот проект „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа“ ја финансира изработката на стратегијата.

-Во наредните два месеци ќе работиме на подготовка на стратешки план за родово одговорен економски развој, како рамка за дејствување која ги зема предвид расположивите ресурси, пречките и можностите што водат до конкретен пристап кон посакуваниот севкупен развој. Идејата е што повеќе граѓани да дадат предлози за тоа како ја гледаат иднината на општината и каде е фокусот кон кој локалната власт треба да ги насочи активностите и средствата, рече Кристина Хаџи-Василева, надворешен соработник на UN Women.

Според предвидената динамика во текот на следниот месец ќе се одржат уште две работилници на кои заедно со граѓаните ќе бидат дефинирани главните насоки на развојот во стратешкиот документ.

Се планира до крајот на јули да се изготви нацрт текстот на Стратегијата за одржлив развој на Кочани, што потоа ќе треба да ја усвои Советот на Општината.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно