Почнаа геолошките истражувања за јаглен во Пехчевско

Од:

Почнаа деталните геолошките истражувања за јаглен на микролокации кај пехчевско Панчарево. Според градоначалникот Игор Поповски, истражувањата треба да завршат до септември.

– Првичните испитувања ги потврдуваат очекувањата. Се надеваме на позитивен резултат. Подоцна ќе се прават соодветни елаборати и физибилити студија по што сигурно ќе се знае дали овде ќе се отвори рудник за јаглен, рече Поповски.

Тој додаде дека во овој дел од Малешевијата, каде што се наоѓалиштата на јаглен, не се очекува негативно влијание на животната средина, но доколку се отвори рудникот тоа ќе донесе и економски прогрес на општината, нови вработувања, како и средства од конецесиите.

Деталните геолошки истражувања претходно се изведуваа на локалитетите Стамер и Ѕвегор кај Делчево. Истражувањата на јаглените ги врши АД ЕЛЕМ, а изведувачот на работите е Градежниот институт Македонија (ГИМ).

За инвестициските активности во оваа фаза, АД ЕЛЕМ од сопствени средства ќе издвои околу половина милион евра.

Првичните геолошки истражувања на овој регион се правени пред 30-ина години, а покажале дека има педесет милиони тони квалитетен јаглен.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска