Почна увидот во зградата во Чаир во која избувна пожар од импровизиран магацин во подрумот

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со полициски екипи ги започна увидните дејствија во зградата на улицата „Прохор Пчињски” во Чаир каде на 2 октомври избувна пожар во подрумските простории.

Од МВР информираа дека претходно од страна на СВР Скопје биле извршени сите подготовки и бил обезбеден влез во објектот, а пристапот до објектот се врши строго контролирано и во присуство на станарите се врши попис на предмети и штетата на станбените единици.

-Подрумските простории, од каде според првичните информации започнал пожарот, се уште се обезбедуваат за пристап и испитување на причините. Траењето на увидните дејствија на терен ќе зависи од времето неопходно за прибирање на сите докази, стои во соопштението на МВР.

Во гаснењето на пожарот кое траеше повеќе часа, учествуваа 20 пожарникари со седум противпожарни возила, а поради густиот црн чад од Итната медицинска помош информираа дека имаат дадено медицинска помош на 10 деца, 21 возрасен, еден пожарникар, како и една бремена жена.

Би можело да ве интересира

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана, се проверува поврзаноста со откриената дрога во Србија

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија