Почна судењето за предметот на СЈО за настаните пред општина Центар

Од:

Во скопскиот Кривичен суд денеска почна судското рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство во врска со настаните пред општина Центар во јуни 2013 година.

Обвинението е против 14 лица кои се товарат дека организирале насилни собири пред општина Центар поради најавеното оспорување на Деталниот урбанистички план од страна на Советот на општината.

Меѓу обвинитетите се и поранешниот премиер и лидер на ВМРО­ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова, кои денеска се појавија во судот.

Претставник на Специјалното јавно обвинителство е обвинителката Фатиме Фетаи, а судијка е в.д. претседателката на Основниот суд Скопје 1 Скопје, Татјана Михајлова.

Специјалното јавно обвинителство го покрена овој случај на 15 септември.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство