Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Од:

Од Шанса за Центар тврдат дека ниту една институција не се охрабри да го спаси градот од катастрофата со планот за Треска. Од таму наведуваат:

1. Планот кој се релизира на 30.000м2 не соодветствува со Генералниот план за градот ,па наместо 1500 жители на локацијата се овозможува да се населат повеке од 5000 жители.

2. При подготовка за градба се исечени 105 дрва кои градби со подземни нивоа не можат да се надоместат.

3. Градоначалникот потенцира дека не продава државно земиште, а за реализација на планот приватизирани се неколку илјади квадрати државно земјиште

4. На местото каде по планот е предвидено јавно зеленило од 7000м2 се наоѓаат објекти од 2000м2 корисна, но легализирана површина кои Општината треба да ги откупи за да го реализира единственото зеленило. 1200м2 од тие обекти се во соственост на инвеститорите на Треска кои дополнително можат да се офајдат со дополнителни 960.000 евра. Обидот тоа да се избегне иницирано од Шанса за Центар во актуелниот момент не беше подржано од градоначалникот.

5. Награденото решение на Конкурсот за Треска го ревидираше планот согласно генералниот план, со тоа го заштити јавниот интерес и ги отклони добар дел од неговите недостатоци. Правото на градба на приватниот имот не им беше одземено на инвеститорите туку беше регулирано да се одвива според правилата на Урбанистичко планиранье.

За конкурсот не се залудно потрошени пари. Напротив. Конкурсот беше доказ дека ако се направи триаголник на соработка: политичари со визија и со примарна цел-јавниот интерес; ангажман на докажани стручни и професионални лица; и соработливи инвеститори флексибилни за договор и свесни за јавниот интерес, а не само алчни, е тогаш може да се менува развојот на просторот.

Но укинувањето на конкурсот на Треска еднострано и незаконски од градоначалникот е доказ како политичката моќ НЕ СЕ користи за одбрана на јавниот интерес.

Во прилог и обракањето на арх. Радоњик претседател на Конкурсната комисија и актуелен претседател на Академијата на Архитекти на Македонија, како целосен демант на тврдењата на актуелниот градоначалник: https://www.porta3.mk/miodrag-radonjikj-bato-so-struchni…/

Би можело да ве интересира

Кампањата на А1 Македонија што ја преплави јавноста: „Одговорно со технологијата“ со силна порака за секој учесник во сообраќајот

Уапсете ги сите организатори и учесници ако сакате да покажете дека не сме тиња од држава

Предраг Петровиќ

ВРЕДИ: Новиот закон за игрите на среќа e за заштита на албанското семејство

Aпел за собирање парични средства за операција на Нина

Предраг Петровиќ

Тврдењето за непотребни операции на срцe ја губи основата: Eкспертите посочиле сомнителна дијагностичка евалуација

Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не ги сака балканските проблеми