Почна судењето за двајцата штипјани кои тепаа девојка во влез на станбена зграда

Од:

Почна судењето во Основниот суд во Штип за двајцата штипјани кои во јануари тепале девојка во влез на станбена зграда. Двајцата се товарат за сторено кривично дело насилство со што казната може да се движи од шест месеци до пет години затвор.

Момчињата на возраст од 23 и 26 години утринава со комбе од Истражниот затвор од Куманово пристигнаа во Основниот суд на Штип. Адвокатот Валентин Зафиров, бранител на едно од момчињата, пред да почне судењето изјави дека очекува фер судење. Тој нагласи дека поради посебните мерки против ширењето на коронавирусот не можел да оствари контакт со својот клиент во затворот во Куманово, бидејќи бил во самоизолација со што не можел да изгради комплетна стратегија.

– Судиите да не потпаднат под атмосферата што се создаде во јавноста, да ги ценат правилно околностите, да го ценат ЗКП, така да постапуваат и да донесат соодветна одлука, вели Зафиров.

Инаку, момчињата насилството го снимале на мобилен телефон, а снимката на социјалните мрежи беше објавена на 2 април по што молскавично се ширеше на социјалните мрежи.

Во изминатиот период со жртвата, 21-годишната девојка, работеа, а и поддршка доби од стручните тимови на Центарот за социјални работи Штип и невладината ЕХО.

Би можело да ве интересира

Се претставуваат како спасители на повредени роднини и им ги земаат заштедите на повозрасните

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски