А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Почна риболовната сезона на Калиманци

by А1он04/06/2017 - 12:45372
Share0

Државна риболовна легитимација, дневна карта која чини 200 денари или сезонска од 2.000 денари, се услов за ловење риба на езерото Калиманци кое ја отвори сезоната.

Добивај вести на вибер

Претстедателот на Спортското рибиоловно друштво „Шаран” од Македонска Каменица Горан Стоименовски информира дека картите може да се подигнат единствено кај „Прангов”, во центарот на Македонска Каменица.

– Почнуваме со рибловната сезона. Очекуваме нашите членови кои се 220 на број да ги почитуваат правилата. Ние како Здружение секоја година со поддршка на Општината и РОС Саса вршиме порибување, претежно со крап, а целта ни е езерото Калиманци да прерасне во атрактивна дестинација за рекративен и спортски риболов, рече Стоименовски.

Досега покрај езерото Калиманци двапати се организира риболовен куп „Калиманци“ каде учествуваат натпреварувачи од Македонија и соседните држави. – И оваа година ќе организираме ваков куп, во август. Засега добро течат подготовките, истакна Стоименовски.

Според него, единствен проблем на езерото Калимаци е рибокрадството.

– И покрај рибочуварите, несовесни рибари со мрежи прават огромни штети на рибниот фонд. Затоа, апелирам и до надлежните да прават поголеми контроли на езерото, рече Стоименовски.

Воедно најави дека „Шаран“ ќе направи хемиска и билошка анализа на водите на Каменичка Река, со цел да се откријат причините зошто во неа нема жив свет.

ribolov

Би можело да ве интересира

Двајца струмичани отидоа на риболов во Грција и исчезнаа

Горан Наумовски08/09/2025 - 13:50

Во Делчево одржан меморијалниот натпревар во спортски риболов „Сандански 2020″

Ана Ололовска20/09/2020 - 18:29

На Дебарско Езеро во сила забрана за риболов на клен и скобал, а следува и на крап и мрена

А1он04/05/2020 - 19:56

Запленети 68 мрежи во акција против рибокрадци на Охридското езеро

Наум Локоски02/11/2018 - 13:41

Натпревар во спортски риболов во Делчево

Ана Ололовска02/09/2018 - 18:36

Интернационално крапско дружење на акумулацијата Палурци

Ана Ололовска27/04/2018 - 09:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен