ВИДЕО: Заев и Мицкоски пристигнаа на лидерската средба, ќе се бара излез за СЈО

Од:

Почна лидерската средба меѓу власта и опозицијата на која повторно ќе се стави на дневен ред Законот за јавно обвинителство, со кој би се решила судбината на Специјалното јавно обвинителство.

Премиерот Зоран Заев, министерката Рената Дескоска, Соња Мираковска како дел од тимот на власта, советникот на премиерот, Бојан Маричиќ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Тони Менкиноски предмалку пристигнаа во Собранието. Изјави за исходот од разговорите се очекуваат по средбата.

Во фокусот на лидерската ќе биде Законот за Јавно обвинителство, но Мицкоски најави дека ќе ја отвори и темата за предвремени парламентарни избори.

Заев во пораката за Денот на независноста меѓу другото изрази и увереност дека земјата има капацитет со двотретинско мнозинство да го донесе и Законот за Јавно обвинителство.

„Сите случаи и евентуални случаи на криминал и корупција, како во развиените земји, мора да добијат ефикасна, праведна и правична разврска. Тоа го очекуваат граѓаните и со тоа ќе дадеме дополнителни аргументи на ЕУ, дека сме и ние цврсто определени кон правдата и изградбата на правна држава”, рече Заев.

Поради скратените рокови, се очекува Законот за Јавно обвинителство да биде донесен најдоцна до 15 септември. За да биде усвоен, потребно е двотретинско мнозинство.

Би можело да ве интересира

ТЕЦ Неготино се спојува со ЕСМ за поисплатливо производство: Власта тврди дека нема да ги продаде

Орце Костов

Албанските опозициски партии ќе потпишат Декларацијата за обединување

А1он

Џафери за разрешувањето на Меџити и Алиу: Законски не може да има два опозициски субјекта во Владата

Орце Костов

Парламентарните и вториот круг од претседателските избори ќе се одржат на 8 мај, првиот круг од претседателските избори на 24 април

Предраг Петровиќ

Во тек е лидерската средба

Датумот за изборите, техничката влада, евроинтеграциите – теми на утрешната лидерска средба