Почина затвореник во Идризово

Од:

Затвореник од КПУ „Идризово“, осуден за убиство на 13 години казна затвор, вчера починал на скопските клиники, од инфаркт.

Како што изјави за МИА директорот на затворот Боби Мојсоски, на затвореникот му се слошило додека бил во затворот. Затворениците пробале да му помогнат, по што веднаш бил однесен во болница, но таму констатирале смрт.

-Зартвореникот не се жалел на болка и според здравствениот картон, од септември минатата година не побарал никаква интервенција, рече Мојсоски.

Починатиот затвореникот во петокот бил примен во КПУ „Идризово“, од затворот Скопје каде бил во притвор. Затвореникот бил осуден на 20 години за убиство на Езерото Треска, а на повтореното судење казната му била намалена на 13-години затвор.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари