Почина скопската легенда Ди Џеј Бабура

Од:

Утринава по кратко боледување, почина скопската легенда, Диџеј Бабура. Роден како Љупчо Петровски, стана еден од најекспонираните и најпознати македонски диџеи.

Познатиот Бабура, настапуваше со сите светски диџеи кои гостуваа во земјава, а со него израснаа повеќе генерации во клубовите низ Скопје и низ земјава.

Бабура почна во Уно, Мега, Антена 5 а беше и косопственик во Сити Радио, и беше инспирација на многу познати светски ДЈ-и и продуценти.

Оние кои растеа во 70-тите, 80-тите и 90-тите години го знаеја од познатите клубови и дискотеки во Скопје и Македонија, како Хард Рок, Мусандра-Метропол, МНТ, тогашна Опера, Текила Хаус и Колосеум.

Пред повеќе од една година, ДЈ Бабура и неговата сопруга станаа родители на две момчиња, близначињата Јаков и Јаким.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина американскиот водител на ток-шоу Џери Спрингер

Ана Ололовска

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов

Ана Ололовска

Почина Рјуичи Сакамото, познат јапонски композитор и продуцент

Ана Ололовска

Комеморација за Димче Мешковски во Драмски

Ана Ололовска

Почина македонскиот актер Димче Мешковски

Горан Наумовски

Почина др. Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники

Горан Наумовски