Почина шестмесечно бебе со морбили на Инфективната клиника

Од:

Шестмесечно бебе заболено од морбили почина изутринава на Клиниката за инфективни болести, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека бебето имало компликација на белите дробови, и било невакцинирано.

„Прво било лекувано во болницата во Козле, а после префрлено на Инфективната клиника каде докторите за жал неможе да се справат со компликациите. Искрено се надевам дека трендот на вакцинација ќе продолжи заради тоа што е единственото нешто што треба и мора да се направи со цел да се подигне колективниот имунитет кој значително е намален после падот на опфатот со вакцинација во 2014 година и за жал сега се соочуваме со овие последици,“ рече Филипче кој заедно со премиерот Зоран Заев ја посетија Клиниката за неврологија.

Додаде дека уште две деца се во критична, но стабилна здравствена состојба. Појасни дека тие имаат сериозно воспаление на белите дробови, но засега виталните параметри им се стабилни и не се во животозагрозувачка состојба.

Би можело да ве интересира

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

Починато бебе донесено во неготинската болница, телото на обдукција

„Ова е мојот ненасилен пораѓај“ – родилката која го изгуби бебето во битолската болница објави фотографија

А1он

13-месечното дете од Свети Николе заразено со морбили е во добра здравствена состојба

Ана Ололовска

Мехмедовиќ: Детето со морбили во добра состојба е пуштено на домашно лекување

СЗО: Бројот на случаи на сипаници во светот во голем пораст

Ана Ололовска