Почина професорот Томе Груевски

Од:

Универзитетскиот професор по комуникологија, новинарство и односи со јавноста Томе Груевски, почина синоќа на 70-годишна возраст во Скопје по тешко боледување.

Професорот Груевски е прв доктор по комуникологија во земјава и основоположник на студиите по односи со јавноста.

Груевски е роден во Смилево, Битолско, (1949), дипломирал на Филолошкиот факултет (1972); магистрирал на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања (1989) и докторирал на Правниот факултет (1995) во Скопје.

Во времето на студиите бил соработник, уредник и главен уредник на в. „Студентски збор“, а подоцна и директор на НИП „Студентски збор”.

Покрај книгата Комуникологија на жанрот ги има издадено и книгите: Современиот печат во Македонија, Печатарството и издаваштвото во Битола, Историја на новинарство, Комуникологија, Култура на говорот, Односи со јавноста, и многу други книги кои имаат особен акцент кон комуниколошките појави.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина американскиот водител на ток-шоу Џери Спрингер

Ана Ололовска

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов

Ана Ололовска

Почина Рјуичи Сакамото, познат јапонски композитор и продуцент

Ана Ололовска

Комеморација за Димче Мешковски во Драмски

Ана Ололовска

Почина македонскиот актер Димче Мешковски

Горан Наумовски

Почина др. Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники

Горан Наумовски