Почина професорд-р. Владимир Андонов, основополпжник и дојаен на современата анестезиологија

Од:

Денес на 86-годишна возраст почина професор Д-р. Владимир Андонов, основополпжник и дојаен на современата анестезиологија, реаниматологија и интензивно лекување во нашата држава и учител на многу генерации на анестезиолози.

Професор Андонов во континуитет од 1967 година е раководител на Одделот за анестезиологија и интензивно лекување при Хируршката клиника во Скопје, а од 1990 до 1995 година бил директор и основач на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) при Медицинскиот факултет во Скопје. Од 1993 година до неговото пензионирање е шеф на Катедрата по анестезиологија и реанимација на Медицинскиот факултет во Скопје Автор е на повеќе од 80 стручни и научни трудови, објавени во земјата и во странство, коавтор на три учебници во земјата и на еден во странство.

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и на државната награда “Св.Климент Охридски” во 2003 година.

Министертвото за здравство, министерот Доц Д-р Венко Филипче и Здружението на лекари по Анестезија, реанимација и интензивно лекување (ЗЛАРИЛ) и претседателката доц. Д-р. Маја Мојсова Мијовска, изразуваат длабоко сочуство кон семејството на проф. Андоновски.

– Проф. Д-р Владимир Андонов беше голем лекар, кој во својата секојдневна работа несебично се жртвуваше во спасувањето на многу човечки животи и несебично го пренесуваше своето знаење на своите ученици, соопштува Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина американскиот водител на ток-шоу Џери Спрингер

Ана Ололовска

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов

Ана Ололовска

Почина Рјуичи Сакамото, познат јапонски композитор и продуцент

Ана Ололовска

Комеморација за Димче Мешковски во Драмски

Ана Ололовска

Почина македонскиот актер Димче Мешковски

Горан Наумовски

Почина др. Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники

Горан Наумовски