Почина прим. Др. Димитар Димитров, доајен на македонската гинекологија и акушерство.
Роден во Струмица 1927 година, студиите по медицина ги завршил во Загреб, а специјализацијата во Скопје. Тој беше првиот гинеколог во историјата на општина Кочани, еден од основачите на Специјалната болница за гинекологија и акушерство-Чаир сегашна „Мајка Тереза“, како и еден од пионерите на скринингот на рак на грлото на матката во Македонија.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре од 13 часот во капелата – Бутел, а погребот ќе се изврши од 14 часот.