Почина пратеникот Драгољуб Николовски – Ганди

Од:

Во осумдесет и осмата година од животот, на 13-ти овој месец, почина истакнатиот општественик и долгогодишен носител на повеќе општествено-политички функции Драгољуб Николовски – Ганди (1928 – 2016).

Ганди беше долгогодишен пратеник во Собранието на Македонија,  секретар на Околискиот комитет на СКМ – Велес, претседател на Одборот за просветно-културни прашања на Републичкиот собор во Собранието на Македонија, претседател на Одборот за општествено-политички систем во Собранието, член на повеќе републички и сојузни комисии, организации и тела.

Имаше особено значајна улога како секретар на Републичката заедница за образование и секретар на Републичката заедница за научни дејности, при што даде нескромен, голем придонес за развојот на образованието и науката во Македонија.

Драгољуб Николовски – Ганди беше дипломиран историчар на Филозофскиот факулет во Скопје, професор по историја, а во текот на неговиот животен век беше и директор на основно училиште и на гимназија во Велес.

Добитник е на повеќе општествени признанија и признанија од институции. Добитник е на многу ордени меѓу кои е и „Орден на Републиката со бронзен венец“ и медали за работа и за храброст.

Ганди ќе биде запаметен како исклучително значајна личност за развојот на образовно-научната дејност во Македонија. Неговата мисија и влогот во оваа дејност е од исклучително важно значење. Посебен придонес има за развојот на археолошкиот локалитет Стоби и во поддршка за проекти од образованието, науката и културата, како и поддршка на странски стипендии и проекти во Македонија. Накратко, во македонската современа историја, тој ќе остане забележан како една од личностите-темелници на образовно-научната дејност во Македонија во текот на втората половина на 20 век.

Последна почит на   Драгољуб Николовски ќе му биде оддадена утре со почеток во 10:30 часот во капелата на Градските гробишта Бутел, а погребот ќе биде извршен во 11:00 часот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина американскиот водител на ток-шоу Џери Спрингер

Ана Ололовска

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов

Ана Ололовска

Почина Рјуичи Сакамото, познат јапонски композитор и продуцент

Ана Ололовска

Комеморација за Димче Мешковски во Драмски

Ана Ололовска

Почина македонскиот актер Димче Мешковски

Горан Наумовски

Почина др. Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники

Горан Наумовски